Лидерот по планот: Оклахома не дозволи изненадување кај Портланд (ВИДЕО)

Во единствениот натпревар во НБА лигата изминатата вечер Оклахома ја оправда фаворитската улога и славеше над Портланд со 108-118.

Најдобар на теренот и во овој натпревар беше Шеј Гилџес-Александер кој постигна 33 поени, но одличен придонес даде и Џајлен Вилијамс кој уфрли 24 поени и додаде осум асистенции.

Во редовите на Портланд Дени Авди дојде до 28 поени, осум асистенции и седум скокови. Иако победата не беше убедлива на теренот констатно на теренот изгледаше дека Оклахома ја има ситуацијата под контрола, посебно во одбраната.

Дојде Портланд и до „минус пет“ во финипот меѓутоа фаворитот токму тогаш погоди тројка преку Вилијамс.