Историска партија на Гордон, Њукасл го уништи Карабах уште во прво полувреме!

Њукасл уште во првото полувреме си ја заврши работата во плејофот од Лигата на шампионите, англискиот тим води со неверојатни 5-0 на гостувањето кај Карабах, а главниот човек е Ентони Гордон.

Дури четири од петте погодоци на Њукасл се дело на Гордон.

Тој стана само вториот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кои постигнал четири гол во првото полувреме од натпреварот. Претходно тоа го има направено Адриано за Шахтар Доњецк против БАТЕ Борисов во октомври 2014.