Иско: Ако го отпуштат Лопетеги, треба да не отпуштат и сите нас

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско застана во одбрана на својот тренер Хулен Лопетеги по очајниот старт на сезоната во сите натпреварувања. 

Резултатите не му одат во корист на новиот тренер на „кралевите“ и доколку киксне против Викторија Плзен во Лигата на шампионите, тоа веројатно ќе биде и негов последен натпревар на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Иско му изрази голема подршка на својот тренер и напомена дека сите заедно се виновни за лошите резултати, а не само тренерот.

„Мислам дека би било лудо Лопетеги да биде отпуштен. Мислам дека треба да го оставите да работи, минаа само два месеци. Ако го отпуштат Лопетеги, тогаш треба да не отпуштат и сите нас фудбалерите, бидејќи ние играме на теренот, ние треба да дадеме гол, ние треба да се браниме. Оваа криза е поради сите нас, а не само поради тренерот“, изјави Иско.