Инзаги: Ова беше неверојатна ноќ!

Симоне Инзаги уште еднаш го однесе Интер во финале од Лигата на шампионите, овојпат по епска драма против Барселона.

Инзаги во три години двапати ќе игра финале во Лигата на шампионите со Интер. Полуфиналната пресметка со Барселона беше една од најдобрите на сите времиња.

„Ова беше неверојатна ноќ која треба да се сподели со нашите фанови, нашиот клуб и нашите семејства. Фудбалерите направија нешто спектакуларно. Одигравме четири неверојатни натпревари против два тима од светска класа како Баерн и Барселона. Беше одлично да се прослават овие достигнувања со нашите фанови“, вели Инзаги.

„Имавме некои проблеми, но со срцето ги минавме сите пречки. Се обидовме да играме со квалитетите кои ги имавме. По првиот меч, имавме план на игра во главата, но без пожртувваност и помош од сите нас заедно, не може да го направите тоа. Добро одигравте момци, го заслиживме финалето“.