Ибраими не можеше сам: Ветеранот Куцка ѝ пресуди на Струга (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Струга даде голем отпор против Слован Братислава, но на крајот загуби со 2-4 во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Слован постигна гол за водство преку Владимир Вајс во 16. минута од средбата, а само 20 минути подоцна погоди и Роберт Мак за да ја зголеми предноста на домаќините.

Бесарт Ибраими беше стрелец на два гола за македонскиот шампион, и тоа во 55. и 74. минута со кои ја врати Струга во игра и за победа.

Вториот гол на Ибраими го разбуди домаќинот, кој тргна по победата, а на сцена настапи ветеранот Јурај Куцка кој со два погодоци ги расплака гостите.

Реваншот меѓу Струга и Слован се игра за седум дена во Македонија.