Ибрахимовиќ: Реваншот против Феенорд за нас е финале!
Златан Ибрахимовиќ, кој работи како советник во клубот, пред мечот против Феенорд кажа дека дуелот за „росонерите“ е како финале.
„Тоа за нас е финале, очекуваме агресивна игра од првата минута. Важно е да одиграме добро, но и да победиме. Мораме да оствариме добар резултат за да се пласираме во следното коло. Мора сите заедно да ја оствариме целта“, кажа Ибрахимовиќ.