Хрватска го скрши малерот - ја победи единствената „голема“ репрезентацијата против која немаше триумф

Откако дебитираше на меѓународна сцена во 1994 година, репрезентацијата на Хрватска се промовираше себеси во еден од гигантите на европскиот и светскиот фудбал.

Има едно сребро и две бронзи на Мундијалите, две четвртфиналиња на европските првенства и неколку победи против најдобрите селекции во светот. До вечерва, единствената „голема“ репрезентација против која немаше победа беше Португалија со која се сретна седум пати. На тие седум меча оствари само едно реми и загуби шест пати за вечерва да го скрши малерот кој траеше од Европското првенство во Англија во 1996 година (3-0 за Португалија).

Иако победата е остварена во пријателски натпревар, двете селекции излегоа со речиси најсилните состави со тоа што Португалија беше без Кристијано Роналдо и Пепе, но и тие се далеку од својата најдобра форма имајќи предвид дека едниот е на залезот на четвртата, а другиот на почетокот од петтата деценија од животот.