Халанд е машина - му даде два гола на Копенхаген за 32 минути (ВИДЕО)

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд продолжи со гол-серијата откако вечерва против Копенхаген постигна два гола во првото полувреме.

Халанд најпрво се запиша во листата на стрелци во седмата минута од мечот, по што го зголеми водството на неговиот тим на 2-0 во 32. минута.