Гвардиола сака да го разбие „митот за Хрватите“, Интер игра за историја!

Манчестер сити и Интер вечерва од 21 часот во Истанбул ќе се борат за титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), а голем фаворит во пресметката ќе биде премиерлигашот кој оваа сезона игра неверојатно и веќе ги освои Премиерлигата и ФА-купот.

Интер имаше полесен пат до финалето во елитното натпреварување, откако го елиминира Порто, Бенфика и Милан, па сега пред нив е најголемиот предизвик за оваа сезона.

Англискиот гигант потроши милиони евра за да создаде моќна екипа, а останува да видиме дали таа ќе биде доволно силна да го суреди поранешниот италијански шампион.

Тренерот Пеп Гвардиола беше блиску до трофејот во ЛШ во 2021 година, но тогаш загуби од Челси со 0-1, но сега ќе се обиде да ја поправи грешката од пред две години и конечно да го донесе трофејот во Манчестер сити.

Гвардиола најверојатно ќе го нападне Интер со Ерлинг Халанд во екипата, додека Интер нема лесно да се предаде и трпеливо ќе ја чека својата шанса, а на своја страна го има и „митот за Хрватите“.

Интересно е тоа што во последните 10 години Хрватска секогаш имала шампион во Лигата на шампиони, а овој пат во составот на Интер е Марсело Брозовиќ, па останува да видиме дали ќе се повтори историјата или Гвардиола ќе го разбие „митот за Хрватите“.

Очекувани состави:

Интер: Онана – Дармиан, Бастони, Ачерби – Дамфрис, Барела, Михтарјан, Чаланоглу, Димарко – Џеко и Мартинез.

Манчестер сити: Едерсон – Аканџи, Диаш, Вокер – Стонс, Родри – Силва, Де Брајне, Гундоган, Грилиш – Халанд.