Гробари ги прашуваа „ѓаволите“ дали се пед*ри, па добија брутален одговор со песна за звездаш

Навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, имаа „блиска средба“ со навивачите на Јунајтед пред стадионот на Партизан, на еден час пред почетокот на натпреварот на двата клуба во рамки на Лигата на Европа.

Навивачите на Партизан беа пред стадионот кога група на ултраси на Јунајтед влегоа на стадионот, а за среќа полицијата кордон ги спречи „Гробарите“ да се приближат до гостите, па тие само пееја преку полицијата.

Дали сте хомосексуалци , пееја навивачите на Партизан, на што ултрасите на Јунајтед одговорија: „Тој доаѓа од Србија, ќе ве е*е... ооо Немања“ го добија одговорот „црно - белите“.