Гризман ги провоцира „кралевите“: Рамос фала за крунисувањето (ФОТО)

Антоан Гризман во минатите години немаше премногу среќа во финалните натпревари, но затоа работите се променија ова лето 2018 година. Напаѓачот прво во мај го крена пехарот во Лигата на Европа, потоа оној од Светското првенство во Русија, а синоќа и Суперкупот на Европа. 

Низ социјалните мрежа синоќа почна да кружи интересна карикатура на која Серхио Рамос му ја предава круната на Гризман, а фудбалерот веднаш ја искористи за да ја сподели на својот „Инстаграм“.