Главоболки за Дешамп: Гризман се пожалил на повреда!

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп има сериозни проблеми пред почетокот на Еуро 2020 бидејќи на последниот подготвителен меч се повредија двајца фудбалери.

Карим Бензема го заврши мечот порано од очекуваното поради незгоден удар, но не заработил потешка повреда и ќе може да игра на Европското првенство (ЕП).

Сепак, проблем со повреда има и Антоан Гризман, кој исто така заработи незгоден удар во мечот против Бугарија и мораше да тренира сам, меѓутоа најверојатно ќе биде подготвен за првиот натпревар на Еуро 2020.

Франција на Еуро 2020 ќе игра против Германија, Унгарија и Португалија во групната фаза.