Ѓока по срамот со Шкендија: Немавме среќа, нѐ казнија за нашата слаба реализација!

Шкендија се посрамоти, го заврши европското лето без даден гол во четири меча со гол-разлика 0-9, па прашање на време е кога раководството на клубот ќе му даде отказ на тренерот Ернест Ѓока, зашто од поодамна не се задоволни од неговата работа, но освоената титула ги смири страстите под Шара.

После новиот пораз и елиминацијата во квалификациите за Конференциската лига, Ѓока по мечот посочи дека Шкендија немала среќа, па била сурово казнета.

„Немавме среќа, се обидовме да дадеме сѐ од себе, но фудбалот е таков – суров. Јас верувам дека овој тим има потенцијал, ова е истиот тим кој играше лани, освои и титула, но едноставме нѐ казнија на сите четири меча за слабата реализација. Не се надевавме на вакво нешто, но тоа е тоа. Други ни беа плановите, но се случи спротивното“, рече Ѓока.