Фудбалерките на Барселона го понижија Челси во финалето на ЛШ

Женскиот тим на Барселона славеше во големото финале од Лигата на шампионипротив Челси со убедливи 4-0 и така го освои трофејот.

Распадот на лондонскиот тим почна уште во првата минута, кога Мелани Лојполц си постигна автогол за водство на Барселона од 0-1, по што фудбалерките на каталонскиот гигант до крајот на првото полувреме погодија уште трипати во мрежата на Челси.

Алексија Путељас Сегура стрелаше за предност од 2-0 на Барселона, по што во листата на стрелци за каталонската екипа се запишаа Аитана Бонмати и Каролин Хансен (4-0).

Челси беше подобар ривал во второто полувреме, но фудбалерките на тимот од Лондон не искористија ниту една од шансите и резултатот остана 4-0 за Барселона.