„Фалангата“ распеана низ Букурешт се загрева за пресметката со Украина (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Букурешт го игра вториот натпревар на Европското првенство и тоа против селекцијата на Украина.

Атмосферата што ја прават македонските навивачи во романскиот главен град е фантастична. Уште од рано утринава „фалангата“ е низ улиците на Букурешт, пее на глас и прави вистинска фудбалска атмосфера.