Елмас со глава го матираше Селиков и го врати Наполи во игра за бодови (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го врати Наполи во игра за бодови против Спартак Москва, откако стрелаше за 1-2 на гостувањето во Русија.

Русите имаа водство од 2-0 со головите на Александер Соболев, но Елмас во 64. минута со глава го матираше голманот Александр Селиков.