Елмас резерва на „Камп Ноу“ против Барса – Инсиње е подготвен (ФОТО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас остана на клупата за резерви во решавачкиот реванш осминафинален меч во Лигата на шампионите за Наполи против фаворизираната Барселона, откако Лоренцо Инсиње успеа да се подготви за овој меч и капитенот ќе стартува на мечот.

Елмас беше прва замена за Инсиње, ако италијанскиот репрезентативец не се рехабилитира навреме, само затоа што во однос на офанзивниот Ирвинг Лозано е подобар во дефанзивниот де и ќе може да им помага на колегите во фаза кога Барселона ќе напаѓа, но сепак првата ѕвезда на наполитанците е подготвена и ќе може да помогне.

Наполи ја напаѓа Барса со Мертенс, Инсиње и Калјехон, а во средината ќе играат Зиелински, Фабијан Руиз и Деме, додека Манолас и Кулибали се стоперскиот тандем со бековите Ди Лоренцо и Марио Руи. Од друга страна Барселона со триото Меси-Суарез-Гризман ќе тргне кон победа и палсман на фајнлејт-турнирот во Лисабон.