Елмас и Лајпциг добија пеколен распоред на дуелите во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Лајпциг заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во новата сезона ќе учествува во Лигата на шампиони (ЛШ), а денеска го дозна распоредот на натпревари.

Лајпциг ќе има навистина пеколен почеток на елитното натпреварување затоа што најпрво ќе игра против Атлетико Мадрид на 19 септември на гости, а потоа ги пречекува Јувентус и Ливерпул во октомври, додека на почетокот на ноември гостува кај Селтик.

Петтиот меч го игра против Интер во Милано, а потоа ги пречекува Астон вила и Спортинг Лисабон додека последната средба е закажана против Штурм Грац на 29 јануари идната година.