Добра вест за Франција, Мбапе тренира и со - скршен нос! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе се врати на тренинзите на француската репрезентација, тренира и покрај тоа што заработи скршеница на носот.

Се предвидуваше дека Мбапе ќе отсуствува на следните натпревари на Франција од групната фаза на Европското првенство, но напаѓачот не сака тоа да се случи, тој веќе се врати на тренинзите.

Мбапе со сигурност ќе игра со маска, ако се прашува тој би настапил уште на следниот меч, но ќе треба да добие зелено светло и од лекарите.