Чудна Лига на шампиони: Со три од четирите можни противници, Барселона веќе играше сезонава

Оваа сезона, УЕФА воведе драстични промени во Лигата на шампионите по првата фаза повеќе не се игра во групи, туку секоја екипа добива осум ривали со кои се среќава и на крајот се брои вкупниот број бодови.

Во лигашкиот има ограничувања како порано бидејќи не можат против себе да играат две екипи од иста држава, но кога станува збор за нокаут-фазата, таму не постои такво нешто. Затоа е интересна ситуацијата пред плејофот и осминафиналето кои се на програмата во февруари и март.

Секој од директните осминафиналисти има четири потенцијални ривали, а кај Барселона, три од нив се екипи со кои веќе се сретна во лигашкиот дел. Станува збор за Брест, Бенфика и Монако, а четвртиот е ПСЖ што исто така е интересно затоа што во плејофот сигурно ќе се паднат две екипи од Франција. Барселона на трите натпревари со досегашните ривали оствари две победи и еден пораз, Бенфика ја совлада со 5-4, Брест со 3-0, а загуби од Монако во првото коло со 1-2.

Ждрепката за плејофот и натамошниот дел од Лигата на шампионите ќе се одржи в петок, а уште сега е јасно дека престојат неколку мега-пресметки во елитното натпреварување.