Чудесно: Англичанките против Летонија ја тресеа мрежата на секои – четири ипол минути!

Дека постои огромна разлика помеѓу селекциите во квалификациите за големите натпреварувања во женска конкуренција уште една потврда дојде и вечерва, откако селекцијата на Англија буквално ја разнесе Летонија со неверојатни 20-0.

Станува збор за натпревар од групата во која е и Македонија, а која на гостувањето кај „Гордиот Албион“ прими „само“ осум голови. Згора на тоа, нашите репрезентативки како гостинки ги совладаа летонките со 4-1, што е доволен доказ за нивниот (не)квалитет.

Англичанките постигнаа осум голови во првото и уште 12 во второто полувреме, што во просек значи дека ја затресувале мрежата на противничките на секои четири ипол минути. Тие се максимално доминантни во групата со сите шест победи и гол разлика 53-0.