Четвртфиналето во ЛШ почнува со спектакл во Мадрид!

Лигата на шампионите вечерва се враќа на сцената со натпреварите од четвртфиналето, а вниманието е насочено кон дербито меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Шпанскиот гигант до оваа фаза стигна со две победи над Манчестер сити, а во домашното првенство бележеше добри резултати сè до неочекуваниот пораз на гостувањето кај Мајорка. Баерн, пак, имаше полесна задача во осминафиналето, каде што со два триумфа ја елиминираше Аталанта. 

Дуелите меѓу Реал и Баерн традиционално носат возбудувања и многу голови и во последните пет пресметки двете екипи секогаш постигнувале барем по еден погодок.

За домаќините вечерва нема да настапат Тибо Куртоа, Ферлан Менди и Родриго, додека настапот на Дани Себаљос е неизвесен. Кај Баерн отсутни се Кингсли Коман, Матијас де Лихт, Бунасар Сар и Свен Улрајх.

Вториот натпревар вечерва ќе се одигра во Лисабон, каде што ќе се сретнат Спортинг Лисабон и Арсенал во него лондонскиот тим важи за голем фаворит.

Двата натпревари се играат во терминот од 21:00 часот.