Конте: Ако јас бев претседател, ќе се изберев за селектор
Актуелниот тренер на Наполи истакна и дека доколку тој би бил претседател, самиот би се избрал за селектор.
„Да не заборавиме, минатата година, во последните три месеци од сезоната, медиумите пишуваа дека ќе го напуштам Наполи и ќе одам во Јувентус, зарем не? Медиумите секогаш мораат нешто да напишат и единствено е исправно моето име да се најде на листата на потенцијални кандидати. Доколку јас бев претседател на Сојузот, би се земал предвид сам себе“, изјави Конте по победата на Наполи над Милан во Серија А, пренесоа италијанските медиуми.
Фудбалскиот сојуз на Италија неодамна го раскина договорот со Џенаро Гатуза, откако репрезентацијата не успеа да се пласира на Светското првенство, трет пат по ред, а покрај Гатузо оставки поднесоа претседателот Габриеле Гравина и Џанлуиџи Буфон кој беше шеф на делегацијата.