Влаховиќ само што се врати на терените, пак се повреди

Српскиот напаѓач од редовите на Јувентус кој неодамна се врати на терените по пауза од повреда поради која отсуствуваше четири месеци сега повторно ќе мора да паузира. 

Влаховиќ требаше да биде дел од тимот на Јувентус на вчерашниот дуел против Џенова во 31. коло на Серија А, но за време на загревањето напаѓачот почувствувал болка во мускулот на листот.

Според првичните информации од Италија, по медицинските прегледи станува збор за повреда поради која Влаховиќ нема да биде во комбинација за настап до крајот на овој месец. Италијанските медиуми нагласуваат дека повредата на листот, во споредба со периодот на рехабилитација кој веќе го помина напаѓачот, не е ништо необично и не треба да предизвика голема загриженост.

26-годишниот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, а има договор со клубот до 30 јуни оваа година и според последните најави двете страни би требало да ја продолжат соработката. Сезонава за Јувентус одигра 18 натпревари во кои постигна шест гола.