„Пукна бомбата“ во Битола - потпиша Мартин Серафимов!
Битолчани преку социјалните мрежи го потврдија ангажманот на еден од најважните ракометари на Алкалоид, но и на македонската репрезентација, а на располагање пелистерци ќе го имаат со почетокот на наредната сезона.
Десниот бек со Пелистер стави потпис на соработка од две години.
„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“, соопшти Пелистер.
Пред Алкалоид, Серафимов во Македонија го носеше дресот на Металург, а во Битола ќе пристигне на почетокот на јули пред стартот на летните подготовки.