Четири пенали за 45 минути во Севилја, но Салцбург промаши два од нив! (ВИДЕО)

Салцбург доби дури три пенали против Севилја во првото полувреме, но искористи само еден од нив преку Лука Сучиќ, додека другите два удари не беа доволно прецизни.

Најпрво Адејеми доби пенал во 13. минута, но неговиот удар заврши покрај стативата на Боно, по што во 21. минута Сучиќ стрелаше за 1-0, но хрватскиот фудбалер немаше среќа во 37. минута затоа што неговиот удар од белата точка заврши во стативата.

Казната пристигна преку Иван Ракитиќ во 42. минута, кој со удар од белата точка израмни на 1-1.