Вацлик му го скрши носот на Роналдо (ВИДЕО)

Чешка и Португалија вечерва го играат претпоследниот меч од групата во А-дивизијата, а најдобриот фудбалер на Португалците, Кристијано Роналдо доживеа нокаут после жестокиот судир со домашниот голман Патрик Вацлик.

Според првичните информации, лекарите се сомневаат на скршеница на носот, иако допрва лекарските прегледи ќе треба тоа да го покажат, но португалскиот ас реши да го продолжи мечот на кој „европските Бразилци“ мора да победат во трката за првото место со Шпанија за пласман на фајнлфорот за трофејот во Лигата на нации.