Ц. Звезда со „петарда“ ги торпедира Пјуник и Радески

Српскиот гигант Црвена Звезда оствари убедлива победа од 5-0 против Пјуник во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), а шанса на мечот доби и повремениот македонски репрезентативец Марјан Радески.

Букари го отвори резултатот во 29. минута, а набрзо предноста ја зголеми Кангва, додека Ц. Звезда до крајот на првото полувреме постигна уште еден гол преку Букари за 3-0.

Пјуник направи три измени на стартот на вториот дел, а Радески влезе во игра во 57. минута, но сепак тоа не промени многу на теренот, па набрзо Букари постигна хет-трик, додека петтиот гол за Ц. Звезда го даде Митровиќ.

Реваншот меѓу Пјуник и Ц. Звезда се игра на 9 август во Ерменија.