Бура во Аталанта: Тренерот и најдобриот играч се фатија за гуша (ВИДЕО)
Камерите го снимија моментот на замената што ја направи тренерот Иван Јуриќ. Јунус Муса влезе во игра, на местото на Адемола Лукман, но на Нигериецот тоа не му се допадна и очигледно му дофрли нешто на својот тренер додека одеше кон клупата. Хрватскиот тренер луто го фати за рака и му рече нешто, а понатамошната дискусија беше прекината од членови на стручниот штаб на тимот на Аталанта.
Скај Спорт Италија објави дека дискусијата помеѓу нигерискиот фудбалер и Јуриќ продолжила по натпреварот, додека Аталанта ги славела освоените три бода. Тимот од Бергамо лесно можеше да остане без победа на овој меч откако во првото полувреме Де Кетеларе промаши пенал, а во вториот дел му беше поништен гол на Локман.