Легендата убедена: Клуб Бриж беше ограбен против Барса!
Трикратниот освојуваач на „Златната топка“ зборуваше за ситуацијата од самиот финиш на натпреварот. Голманот на Барселона, Војчех Шчесни си поигра со топката, а тоа го искористи напаѓачот Ромео Вермат кој му ја одзема и ја смести во мрежата. Сепак, судијата Ентони Тејлор набрзо по рекција на ВАР го поништи погодокот.
„Клуб Бриж беше ограбен, нивниот четврти гол мораше да биде признат. Немаше никаков фаул над Шчесни, не го ни допре. Тој едноставно oдглууми“, порача Холанѓанецот.