Меси му одговори на Роналдо: Тоа не се опишува со зборови!
Роналдо со Португалија досега не освои трофеј на еден Мундијал, додека на неговиот „вечен ривал“ Меси тоа му успеа во 2022 година со неговата Аргентина. Според многумина токму и поради тоа е ваквата изјава на португалскиот ас.
„Ако мене ме прашувате дали е сон да се освои Светкото првенство? Не, тоа не е сон. Дали треба да се дефинира кој е подобар во историјата по само шест или седум натпревари. Тоа за мене не е фер“, изјави Роналдо.
За разлика од него Меси има сосема спротивно мислење и брзо му договори.
„Тешко е со зборови да се објасни што значи тој момент за мене лично и моето семејство. Сите видовме како целатаа земја славеше. За еден играч освојувањето на Светското првенство е најголемо достигнување. Тоа е како кога некој професионалец во својата работа, ќе го достигне врвот. Не можете да барате повеќе, имав среќа да дојдам до трофеј. Тоа беше дел кој ми недостасуваше“, изјави Меси.