Скандал: Контроверзниот газда на премиерлигаш обвинет за организиран криминал!
Имено, во Атина денеска започна едно од најголемите судски рочишта поврзани со спортот во последните години и пред обвинителот покрај Маринакис се појавиле уште 142 навивачи на Олимпијакос.
Во обвинението против Маринакис и навивачите стои дека постоел системски механизам со кој влијаеле на исходот на натпреварите со ширење на страв кај официјалните лица на натпреварите.
„Не е ова само обичен случај, туку организирана мрежа која ја загрозува правдата и интегритетот на спортот“, изјавил државниот обвинител.
Одбраната на Маринакис ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека истите се политички мотивирани. Инаку, целиот процес доаѓа по инцидентите што се случуваа на грчките стадиони во последните години.
Според најавите процесот се очекува да трае неколку месеци, а конечната пресуда би можела да донесе големи промени.