Извлечени групите за завршниот Мастерс, Ѓоковиќ ќе води битка со Алкараз!
Првиот светски тенисер во овој момент Карлос Алкараз ја доби групата во која ќе биде и Новак Ѓоковиќ, а тука се уште Фриц и Де Минор.
Во втората група која ја предводни Јаник Синер сместени се Зверев, Бен Шелтон и еден од Алијасим или Музети, а кој ќе настапува ќе биде познато по турнирот кој во овој период се одржува во Атина. За Италијанецот да биде дел, ќе мора да стигне до трофејот во Атина.
Во Атина исто така е и Ѓоковиќ кој денеска ќе се соочи со Португалецот Боргес.
Турнирот во Торино започнува на 9 ноември и во него двајцата најдобри од групите ќе обезбедат место во полуфиналето.

Фото: EPA