ФФМ им подари опрема за тренинг и по 10 топки на сите клубови за женски фудбал!
Екипите, покрај тренинг-комплетите, добија и 230 фудбалски топки (по 10) кои ќе бидат наменети за секојдневни тренажни активности.
„Со оваа донација се создаваат подобри услови за развој и усовршување на младите фудбалерки низ државата, со цел да се поттикне поголема посветеност и професионален пристап во работата“, вели претседателот на ФФМ; Масар Омерагиќ.
Од Федерацијата порачуваат дека поддршката на женскиот фудбал ќе продолжи и понатаму, со јасна определба за негов континуиран раст и промоција.