Eкс-напаѓач на Ливерпул во проблеми, може да заврши во затвор!
Според информциите Сенегалецот на поранешната сопруга ѝ должи околу 16.000 евра кои се собрале со месечениот износ кој требало да го плаќа во износ од 760 евра. Наводно тој не извршил никаква уплатаа уште од март 2024 година.
Исто така Диуф не се покажал на закажаното судењето во вторникот во главниот град на Сенегал.
„Ел Хаџи Диуф нема проблеми, има средства за плаќање, но одбива тоа да го направи. Води пријатен живот, а воопшто не посветува време на своите обврски“, изјави адвокатката на неговата поранешна сопруга, Адама Геје.
Кога е алиментацијата во прашање, законите во Сенегал се строги и поради тоа не е невозможно, поранешниот голгетер да заврши зад решетки.
Фото: Liverpool FC