Пелистер објави колку пари од мечот со Вардар донира за семејството на Петковски!
Средствата ќе бидат целосно донирани на семејството на прерано починатиот битолски кошаркар, Зоран Петковски, соопштија од клубот. Од Пелистер изразуваат благодарност до сите љубители на фудбалот кои учествуваа во хуманата акција и го поддржаа семејството во тешките моменти.

„Повикуваме овој пример да го следат и останатите клубови, здруженија и поединци од Битола,“ стои во соопштението на клубот, со кое уште еднаш се истакнува важноста на солидарноста во заедницата.
Хуманитарен меч за помош на семејството за поранешниот младински репрезентативец и играч на Пелистер, МЗТ и Вардар задутре ќе одиграат и кошаркарските екипи на Пелистер и на МЗТ Скопје.