Катастрофалниот Ајакс руши негативни рекорди

Холандскиот гигант Ајакс последните години поминува низ тежок период, а лошата состојба во клубот се оглед и во настапите на меѓународна сцена.

Синоќа екипата од Амстердам доживеа дебакл на домашен терен од Галатасарај со 0-3 и тоа беше седум пораз по ред во европските купови. Оваа сезона загуби од Интер, Марсеј, Челси и Галатасарај, а овие неуспеси се надоврзаа на ланските од Ајнтрахт (два пати) и Сент Жилоаз. Тоа е најлоша серија во историјата на клубот, а со ова Ајакс стана само трет холандски тим кој загубил седум пат по ред во натпреварувањата на УЕФА, по Вилем во сезоната 99/00 и Феенорд во 17/18.

Трите гола за Галатасарај синоќа ги постигна Виктор Осимен, два од нив од пенал и Ајакс сега е закован на дното од табелата во Лигата на шампионите.