Брутален трипл дабл на Јокиќ, нема повеќе непоразени во НБА (ВИДЕО)
Денвер Нагетс ја искористи неговата добра игра и го победи Мајами Хит со 122-112 продолжувајќи ја совршената серија против овој ривал. Тимот од Колорадо има дури 11 победи во низа против Мајами, на натпревари од основен дел на сезоната. Јокиќ шутираше 12/18 од поле, и стигна до трипл дабл со офанзивен скок 6:36 минути пред крајот на третата четвртина. Трикратниот НБА МВП има просек од 24,1 поен, 13,4 скока и 12 асистенции по натпревар оваа сезона. Арон Гордон додаде 24 поени за Нагетс, кои се во серија од четири победи на домашен терен оваа сезона.
Мајами не победил против Денвер во регуладен дел од сезона од 30 ноември 2016 година. Во меѓувреме, Хит победија само еднаш против Нагетс, во вториот натпревар од финалето во 2023 година кога Денвер ја освои титулата во пет натпревари. Норман Пауел со 23 поени и Ендру Вигинс со 22 беа најефикасните играчи на Хит во овој натпревар.
Од ноќеска нема повеќе непоразени екипи во НБА лигата бидејќи шампионот Оклахома загуби на гостувањето кај Портланд со 119-121. Тандер ги имаше одличните Гилџес Александер и Вигинс, но на спротивната страна блескаше Дени Авдија кој за малку не оствари трипл дабл: 26 поени, 10 скока и 9 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ Кливленд – Филаделфија 132-121 Детроит – Јута 114-103 Индијана – Бруклин 136-107 Њујорк – Минесота 137-114 Мемфис – Хјустон 109-124 Далас – Њу Орлеанс 99-101 Денвер – Мајами 122-112 ЛА Лејкерс – Сан Антонио 118-116 Портланд – Оклахома 121-119 Сакраменто – Голден Стејт 121-116