Бункерот на Србија издржа само четири минути (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија замина во Кордоба да се брани, како и на првиот меч против Шпанија, но за разлика од септемврискиот дуел против европскиот шампион Шпанија, сега издржа само четири минути.

На влезот на петтата минута, Поро нафрли од десната страна, одбраната на Србија катастрофално реагираше, а Емерик Лапорт ја затресе мрежата на Рајковиќ.

Во натамошниот дел од мечот, Шпанците имаа уште четири обиди да го загрозат противничкиот голман, додека Србија уште чека на првиот шут.