Буфон: Ако го сретнев судијата Оливер два дена подоцна, ќе го гушнев и ќе му се извинев!

Легендарниот Џанлуиџи Буфон се кае поради тоа што го нападна Мајкл Оливер во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Судијата по целата мешаница му даде црвен картон на голманот на Јувентус.

Италијанецот по мечот  го обвини арбитарот дека има срце полно со ѓубре и кажа дека не се кае поради тоа што го направил.

Сепак, очигледно страстите се смирија, па Буфон на прес-конференцијата на која се прости со навивачите на Јувентус, кажа дека би го гушнал судијата Оливер и би му се извинил.

„Многу ми е жал поради тоа, во повеќе од 23 години кариера во Лигата на шампиони, јас никогаш не сум добил црвен картон, па чувствувам дека се однесував праведно и на спортски начин со сите. Неколку дена по настанот, ми беше жал што го нападнав судијата, бидејќи на крајот на денот и тој е човек, кој извршува многу тешка работа. Ако го видев два дена подоцна, јас ќе го гушнев Мајкл Оливер и ќе му се извинев за непријатната ситуација“, објасни Буфон.