Буцкото од Прага беше хит на ждрепката, ама „киселата насмевка“ испадна - епски сеир за гигантите (ФОТО)

Се сеќавате на буцкото од раководството на Славија Прага, кој имаше гримаса и „кисела насмевка“ со која му доаѓа и да се расплаче, ама и да се изнасмее откако на чешкиот клуб му паднаа Барселона, Борусија Дортмунд и Интер за противници во групата во ЛШ?

Епа, сега таа слика доби поинакво значење откако синоќа почна воведното коло во европската елита и за чудо – Славија Прага е лидер. Во групата, сите четири клуба имаат по бод, ама Славија која како гостин го изненади Интер, кој дури се спасуваше и од пораз во финишот, сега е лидер поради бодот од гости и еден постигнат гол. Интер е втор, а Дортмунд и Барса по ремито 0-0 се трети и четврти.

Мемето со челникот на Славија сега стана вистински хит, а многумина го прокоментираа – кој последен се смее, најслатко се смее. А, на Славија и се потсмеваа гигантите, гледајќи ја како аутсајдер кој ќе биде торпедиран.