Вардар прими од Розенборг идентичен гол како од Копенхаген (ВИДЕО)

Вардар губи во Трондхајм со 0-2 од Розенборг со голот на Конрадсен во 56. минута, а она што веднаш „фаќа око“ е неверојатната случност на овој погодок, со оној проклет од Копенхаген, на истекот од првата минута, кога Грегуш стрелаше прецизно и го сврте во лоша насока целиот меч.

И тој и Конрадсен погодија речиси од иста позиција, ист агол, со силен шут, а топката профуче покрај Гачевски во истиот дел од мрежата.