Блесокот во Скопје не беше случаен: Кокорин го потопи и Реал Сосиедад (ВИДЕО)
Младиот руски репрезентативец Александар Кокорин, кој беше херој на тимот од Санкт Петербург во Скопје во победата со 5-0 против Вардар, повторно беше главен адут на Зенит и вечерва, па напаѓачот даде нови два гола за да ја запечати победата на рускиот тим против Баскијците.
Откако Емилијано Ригони по пет минути донесе водство, по грешката на шпанската одбрана, на сцена стапи Кокорин. Во 21-та минута погоди за водство од 2-0, а откако Диего Љоренте го врати Сосиедад во игра пред полувремето (41-та минута), рускиот напаѓач во 60-та минута на асистенција на Бранислав Ивановиќ погоди вторпат во мрежата и ја завери победата.
По оваа победа Зенит по две кола е прв со максимални шест бода, Реал Сосиедад и Розенборг имаат по три, а Вардар е последен без бод.