Бензема и Каземиро го спасија Реал Мадрид: Менхенгладбах прокоцка победа во финишот (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да избегне пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и одигра 2-2 благодарение на двата гола на Карим Бензема и Касемиро во самиот финиш од натпреварот во рамки на групата Б.

Маркус Турам беше најдобар играч на германскиот тим, бидејќи ги постигна двата гола, по еден во двете полувремиња. Синот на легендарниот француски репрезентативец Лилиан Турам, првиот гол го постигна во 33-тата минута, а вториот во 58-та минута. 

Реал не се предаде па Карим Бензема погоди во 87-та минута и намали на 1-2 по асистенција на Каземиро. Бодот за најтрофејниот европски клуб го обезбеди токму Бразилецот во 93-тата минута од натпреварот. Реал Мадрид има идентичен старт на сезоната како и лани, кога по првите две кола од групната фаза освои само еден бод.

Група А
Локомотив М. – Баерн М. 1-2
Атлетико М. – Салцбург 3-2

ТАБЕЛА: Баерн 6, Атлетико 3, Салцбург 1, Локомотив 1

Група Б
Шахтјор – Интер 0-0
Менхенгладбах – Реал М. 2-2

ТАБЕЛА: Шахтјор 4, Менхенгладбах 2, Интер 2, Реал Мадрид 1

Група Ц
Марсеј – Манчестер С. 0-3
Порто – Олимпијакос 2-0

ТАБЕЛА: Манчестер с. 6, Порто 3, Олимпијакос 3, Марсеј 0

Група Д
Ливерпул – Митјиланд 2-0
Аталанта – Ајакс 2-2

ГРУПА Д: Ливерпул 6, Аталанта 4, Ајакс 1, Митјиланд 0