Белгија остана без две ѕвезди за дуелот против Русија на Еуро 2020

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез се соочува со сериозни проблеми во пресрет на првиот натпревар од групната фаза на Еуро 2020 бидејќи нема да може да смета на двајца репрезентативци, а тоа се Аксел Витсел и Кевин Де Брајне.

Ѕвездите на Борусија Дортмунд и Манчестер сити останаа во тренинг-кампот на репрезентацијата, каде што продолжија со процесот на рехабилитација од повредата и не заминаа со тимот, па така нема да бидат во конкуренција за дуелот против Русија, кој е закажан за сабота од 21 часот.

Де Брајне се повреди во финалето на Лигата на шампиони, кога се повреди по судирот со дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер и притоа го скрши носот, додека Витсел одбрана по повредата на Ахиловата тетива, поради која од јануари е надвор од фудбалските терени.

Засега не е познато кога би можеле тие двајца да се вратат во составот и да му помогнат на белгискиот тим во следните предизвици.