Белгија ќе ја прекине играта во 10.минута во чест на Ериксен

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку синоќа најави дека на денешниот натпревар против Данска на Европското првенство, неговиот тим ќе ја прекине игра во 10.минута. 

Со ова Белгијците сакаат да му оддадат чест на Кристијан Ериксен, кој го носи бројот 10 во селекцијата на Данска по она што му се случи пред четири дена на дуелот со Финска.

Лукаку и Ериксен се добри пријатели и ја делат соблекувалната во таборот на Интер. Здравјето на Данецот е подобрено и благодарение на брзата интервенција на Симон Кјаер и медицинскиот тим, неговиот живот беше спасен откако доживеа срцев удар.