Белами: Велс, Белгија и Македонија се во иста позиција!

Селекторот на Велс, Крег Белами во пресрет на нивниот меч против Белгија, изрази надеж дека на крајот тие ќе излезат како победници во трката за првото место во групата и ќе се пласираат на Светското првенство.

Вечерва Велс ја пречекува Белгија, меч кој е исклучително важен и за Велшаните, но и за нас Македонците. И нам ни е потребно тие да победат против Белгијците, за потоа во меѓусебен дуел да одлучуваме за првото место.

„Убавиот дел од оваа група сега е што ние имаме уште три меча до крајот и доколку ги победиме сите три, ќе одиме на Светско првенство. Истото се однесува и за Белгија и за Македонија“, вели Белами.

„Вечерва играме дома, стадионот ќе биде полн, треба да уживаме во секоја секунда. Верувам дека доаѓа посебен момент за нас. Во изминатите десетина години фудбалерите чести биле во ваква ситуација, кога сме се квалификувале тоа било тука, во Кардиф, пред оваа публика“.