Бејл: Се однесуваат кон нас како да сме роботи

Герет Бејл за медиумите кажа дека клубовите према фудбалерите се однесуваат како да се роботи и дека многу играчи губат контрола над својот живот во обид да направат што е можно подобра кариера.

Велшанецот со Реал Мадрид освои четири титули во Лигата на шампионите и многу се жртвуваше за да стигне до ова ниво. Но кога го прашаа дали сфатил дека пензионираните фудбалери, кажале дека конечно им се вратил животот, Бејл го даде следниот одговор.

„Да, секако. Како професионален спортист, поготово во тимско опркужување не можете да го бирате својот распоред како што можат тие што играат голф или тенис. Ние сме како роботи. Ни кажуваат каде да одиме, кога да бидеме таму, во кое време мораме да јадеме, кога имаме состанок. Како да го губиш животот на некој начин“, изјави Велшанецот.