Баварските навивачи гневни на алчните Французи: Ние не сме Нејмар! (ФОТО)

Баерн Минхен беше столчен во меката на милијардите, „Паркот на принцовите“, откако ПСЖ со 3-0 им го нанесе првиот пораз во Лигата на шампионите вечерва, а навивачите на Баварците освен што ќе си заминат незадоволни од резултатот, уште по гневни се на управата на парижаните за неверојатно скапите цени на билетите.

ПСЖ за дуелот со петкратниот европски првак стави цена на влезница од 75 евра, а тоа предизвика огромен револт кај Германците. Дури и 75 евра за 90 минутно фудбалско шоу е премногу за Германците. Затоа и со парола упатија интеерсна порака во која го споменаа Нејмар, најскапиот светски фудбалер за кого ПСЖ плати 222 милиони евра.

„75 милиони евра за натпревар? Ние не сме Нејмар. Цените на влезниците мора да бидат разумни“, сотоеше во пораката на навивачите на Баварците.