Барди во тимот на Трабзон што отпатува за Копенхаген! (ФОТО)

Енис Барди уште нема дебитирано за Трабзонспор, а можно е тоа да го направи на најголемата можна сцена.

Турскиот шампион денеска го соопшти списокот со фудбалери кои отпатуваа за Копенхаген, за првиот меч од плејофот за групната фаза во Лигата на шампионите. Меѓу 23 играчи се најде и македонскиот креативец. Toa значи дека сите процедури се поминати и Барди е веќе полноправен играч на Трабзон и во очите на УЕФА.

На една од фотографиите кои ги сподели Трабзон, Барди е заедно со Марк Бартра, Шпанецот кој исто така ова лето дојде во Трабзон од Ла Лига, поточно од тимот на Бетис, па сигурно ќе си претставуваат добра поддршка во прилагодувањето на новата средина.

Мечот меѓу Копенхаген и Трабзон се игра утревечер во 21 часот.